


За празникот “Св.Трифун” и “Денот на вљубените”

Најмладиот член во неготинската библиотека има пет, а најстариот 78 години
Најмладиот член во библиотеката во Неготино има пет, а најстариот 78 години. Директорката на библиотеката, Катерина Данаилова сподели за МИА, дека адолесцентите најмногу читаат романси, возрасните пак трилери, а основците, едукативни книги и лектири.
Најмладиот член во библиотеката во Неготино има пет, а најстариот 78 години. Директорката на библиотеката, Катерина Данаилова сподели за МИА, дека адолесцентите најмногу читаат романси, возрасните пак трилери, а основците, едукативни книги и лектири.
Локалната библиотека „Страшо Пинџур” има околу 900 членови.
– Покрај основната книгопозајмувачка дејност, библиотеката постојано реализира иновативни настани и активности, со цел приближување на институцијата до сите возрасни категории на граѓани и промовирање на библиотеката, како активен чинител кој ги следи потребите на јавноста и целокупниот општествен развој во сите сегменти. Инаку, во библиотеката функционира детско интерактивно катче за деца од предшколска возраст, а мејкер спеис со катче за интернет истражување, за ученици од основно и средно образование, рече Данаилова.
Таа потсети дека библиотеката од 2015 година е дел од меѓународната мрежа на библиотеки иноватори, ИНЕЛИ Балканс, а во 2019 година стана дел од националната програма „Библиобум”, за ревитализација на библиотеките, поддржана од амбасадата на САД.
– Во 2021 година земавме учество на виртуелниот Светски конгрес на библиотеки, библиотечно работење и информации, додаде директорката.
Данаилова информираше дека за празникот „Свети Трифун”, кој традиционално се одбележува во Тиквешко, како заштитник на лозарите и винарите, библиотеката ќе реализира традиционално прогласување на најчитатели за 2022 година. Ќе има и саем на книга од издавачката куќа „Сакам книги”, „Состанок на слепо со книга”, натпревар по креативно пишување и виртуелна изложба на книги од областа на лозарство и енологија. свд/цр

„Приказна низ прошетка“(Story walk)
„Приказна низ прошетка“(Story walk), проектот е инсталиран во локалниот парк спроти Градскиот музеј. Содржината креирана од библиотеката ќе се менува еднаш месечно. Првата поставка е приказна од енциклопедиски карактер и го опфаќа живиот свет на Арктикот. Децата имаат можност низ едукативна прошетка во парк на забавен начин да читаат приказни и да научат многу нови информации и факти.

Награден литературен конкурс “Шармирај го Дедо Мраз”
Напишете краток расказ за вашата најдобра особина- карактерна црта со која можете да шармирате и која ќе ви помогне да ви се исполни Новогодишната желба! Донесете ги творбите до 11.01.2022г. и очекувајте награда за најдобриот!

Јавна благдарност до Ротари клуб Неготино


Натпревар Есенски пејзаж

Есенски литературен конкурс за поетска творба ” Со радост”
Творбите со податоци на авторот се доставуваат во библиотеката.
Еден автор учествува само со една песна
Конкурсот трае од 17.11 до 26.11.2021г.
Нема ограничување на возраст.