За нас

Локална библиотека  „Страшо Пинџур“ Неготино, која е  основана 1945г. е јавна непрофита установа која функционира со матична библиотека во Општина Неготино, со една дисперзирана читална и еден огранок – дисперзиран  простор  во  с. Дисан. Библиотеката во просек има 900 членови. Со 5 лица кои се вработени на неопределено време, извршува дејсност со висока сложеност ( комплетира, обработува и документира библиотечен фонд и внесува податоци во ел. систем Кобис. Води електронски книги за библиотечна евиденција, го чува и промовира библиотечното добро како и врдностите од духовно движно и недвижно културно наследство. Со институцијата раководи директор, назначен од Градоначалникот на О.Неготино, со мандат од 4 години.

Достигнувања:

Од 2015г. Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино е дел од меѓународната мрежа  на библиотеки иноватори – ИНЕЛИБалканс. Во 2016г. од БЗМ библиотеката го добива признанието БИБЛИОТЕКА НА ГОДИНАТА. Во 2018г библиотеката реализира Франкофонско детстко катче во соработка со Француската амбасада и Францускиот институт. Во 2020 библиотеката е дел од националниот проект за ревитализација на библиотеките поддржан од амбасада на САД, БиблиоБум.