


Среќни во Библиотека
Со цел промовирање на читањето и библиотеката, за најмалите кои за првпат се среќаваат со лектирни обврски, само овој Четврток 23.09.2021г. чланарината е промотивна !

Одговорноста се наградува !!!

Средба со Амбасадорот на Р.Франција
Остварена средба со Амбасадорот на Р.Франција и директорот на ООУ “Гоце Делчев” на која е договорено продолжување и проширување на досегашната соработка. Библиотеката во име на сите дечиња од општината изразува благодарност до Амбасадата и Францискиот институт кои донираа нови едиции на детски книги во франкофонското детско катче !!!

АНИМЕ КЛУБ
За сите обожаватели на светски познатиот и заразен јапонски аниме жанр!!!
Сите заинтересирани можат да се пријават преку месинџер на библиотеката и да добијат информации за online средби и функционирањето на нашиот клуб „Џуџутцу“

Литературен Конкурс- Мајка
Благодарност до сите дечиња кои со љубов ги изработиле творбите за своите мајки и во интерес на нивната радост библиотеката одлучи да ги награди сите учесници на конкурсот, во категорија креативна изработка со посвета во стихови и во категорија празнична поезија !!! Честитки до сите!!! Наградите може да се подигаат од Петок, секој работен ден !!!
Наградени учесници: Јована Трајкова, Екатерина Хаџиска, Христијан Јовановски, Теа Волчева, Андреј Делков, Филип Вучков, Слободан Смилковски, Ѓорѓи Георгиевски, Јована Алтанџиева, Митко Петков, Виктор Петков, Орце Петков, Благица Јованова, Евгенија Јанчева, Глорија Јанчева, Теодора Настова,Благица Накова, Веселина Вељанова, Ана Димова. ЧЕСТИТКИ !!!

Видео приказната “ГРДОТО ПАЈЧЕ”
По повод светскиот ден на книгата за деца, проследете ја Видео приказната “ГРДОТО ПАЈЧЕ” и слушнете ја анализата!
Слушнете ја анализата!