Промотивна акција по повод “Месецот на книгата”

Локалната библиотека денес доделува ваучери за бесплатно членство за сите првоодделенчиња од нашата општина! Промотивнтата акција е по повод “Месецот на книгата” кој воедно е и месецот на основање на нашата библиотека! Воедно во двете основни училишта на креативен начин ги промовираме книгите и скриените светови во библиотеката кои чекаат да бидат откриени!
Дообновен лектирниот оддел

Дообновен лектирниот оддел во библиотеката со вториот дел од проектот поддржан од Министерството за култура, како дел од Програмата за поддршка на проекти од национален интерес за 2022г. со 11 Наслови и 95 единици!!! Вкупно со првиот дел од проектот, детскиот оддел е обновен со 385 лектири!!!
Најнови наслови со кои го надополнуваме и заокружуваме нашиот лектирен фонд!

остапни се сите слободни лектири од програмата за основно образование !!! Новите 195 единици се првиот дел од проектот на библиотеката кој е поддржан од Министерството за култура и Програмата за проекти од национален интерес за 2022г.
Монографијата за великанот – актер и предавач Бранко Ѓорчев(1962-2013)

Во пресрет на интернационалниот фестивал на Дуодрама “Бранко Ѓорчев”, библиотеката ја претставува Монографијата за великанот – актер и предавач Бранко Ѓорчев(1962-2013) во која е прикажан животот и целото негово професионално остварување, сите успеси со осврти од негови соработници и најблиски личности, кои само ја потврдуваат неговата големина како човек, актер, професионалец, учител и патриот
Приказна низ прошетка!!!

Нова пролетна поставка на едуктивна приказна за деца!!! Прошетајте се во локалниот парк спроти градскиот музеј, следете ги бројките на таблите и уживајте во прекрасната сликовница на отворено и дознајте ги најголемите магични зборови!!!
Најчитатели за 2021 година

За празникот “Св.Трифун” и “Денот на вљубените”

За празникот “Св.Трифун” и “Денот на вљубените” во Понеделник Ве очекува изненадување “Состанок на слепо” со книга!!! Со најновите книги од Книгохоличари!
Најмладиот член во неготинската библиотека има пет, а најстариот 78 години

Најмладиот член во библиотеката во Неготино има пет, а најстариот 78 години. Директорката на библиотеката, Катерина Данаилова сподели за МИА, дека адолесцентите најмногу читаат романси, возрасните пак трилери, а основците, едукативни книги и лектири. Најмладиот член во библиотеката во Неготино има пет, а најстариот 78 години. Директорката на библиотеката, Катерина Данаилова сподели за МИА, дека […]
Поларна игро – КВИЗ

Сакам Книги
