Врз основа на Член 77-г од Законот за Култура („Службен весник на РМ“, број 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18) и Член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“, број 75/15) Локална Библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино објавува :
Ј А В Е Н О Г Л А С
За вработување на еден (1)извршител на неопределено работно време на работно место – Самостоен библиотекарски помошник, со полно работно време (40 часа). Основна плата 14.600.00 ден
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови : Да е државјанин на Р.Македонија, да има општа здрастевена способност и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност. Кандидатите покрај исполнување на општите услови според Закон за работни односи треба да исполнуваат и посебни услови:
Средно- гимназиски смер или Вишо или Високо образование (Наука за книжевноста или Библиотекарство и документација или Педагогија). Најмалку две години работно искуство. Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
Документите се доставуваат во оригинал или заверени на нотар.
Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето
Локална Библиотека – Неготино