Врз основа на Член 77-ѓ и 77-е од Законот за Култура („Службен весник на РМ“, број 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18), в.д. директорот на Локална библиотека „СтрашоПинџур“ Неготино, донесе
ОДЛУКА
За избор на 1 (еден) извршител – кандидат за работно место Стручен соработник за заштита на културно наследство – Библиотекар
- За извршител на работно место Стручен соработник за заштита на културно наследство – Библиотекар, во стручна служба, во Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино е избрана Катерина Данаилова. Именуваната ќе биде вработена на работното место за што ќе се донесе посебно решение за вработување
- Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето
О б р а з л о ж е н и е
Комисијата за селекција на вработување по јавен оглас, формирана со решение од Градоначалник на О.Неготино бр.09-657/1 од 12.12.2019г, во функција на спроведување на постапка за вработување по оглас за вработување на давател на услуги, објавен на 27.11.2019г. во дневните весници: Слободен печат, Лајме и Вечер, спроведе постапка за селекција на пристигнатите пријави со документи и интервју, при што достави Известување (бр. 09-657/4 од 12.12.2019г.) со предлог за избор на кандидат за вработување на работно место: Стручен соработник за заштита на културно наследство Шифра КУЛ 03 04Д 03 – Библиотекар.
Врз основа на на Предлогот за вработување на кандидатот, в.д.директорот на Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино, изврши избор како во диспозитивот на оваа одлука.
ВД Директор:
Виолета Панова