Најмладиот член во неготинската библиотека има пет, а најстариот 78 години

Најмладиот член во библиотеката во Неготино има пет, а најстариот 78 години. Директорката на библиотеката, Катерина Данаилова сподели за МИА, дека адолесцентите најмногу читаат романси, возрасните пак трилери, а основците, едукативни книги и лектири.

Најмладиот член во библиотеката во Неготино има пет, а најстариот 78 години. Директорката на библиотеката, Катерина Данаилова сподели за МИА, дека адолесцентите најмногу читаат романси, возрасните пак трилери, а основците, едукативни книги и лектири.

Локалната библиотека „Страшо Пинџур” има околу 900 членови.

– Покрај основната книгопозајмувачка дејност, библиотеката постојано реализира иновативни настани и активности, со цел приближување на институцијата до сите возрасни категории на граѓани и промовирање на библиотеката, како активен чинител кој ги следи потребите на јавноста и целокупниот општествен развој во сите сегменти. Инаку, во библиотеката функционира детско интерактивно катче за деца од предшколска возраст, а мејкер спеис со катче за интернет истражување, за ученици од основно и средно образование, рече Данаилова.

Таа потсети дека библиотеката од 2015 година е дел од меѓународната мрежа на библиотеки иноватори, ИНЕЛИ Балканс, а во 2019 година стана дел од националната програма „Библиобум”, за ревитализација на библиотеките, поддржана од амбасадата на САД.

– Во 2021 година земавме учество на виртуелниот Светски конгрес на библиотеки, библиотечно работење и информации, додаде директорката.

Данаилова информираше дека за празникот „Свети Трифун”, кој традиционално се одбележува во Тиквешко, како заштитник на лозарите и винарите, библиотеката ќе реализира традиционално прогласување на најчитатели за 2022 година. Ќе има и саем на книга од издавачката куќа „Сакам книги”, „Состанок на слепо со книга”, натпревар по креативно пишување и виртуелна изложба на книги од областа на лозарство и енологија. свд/цр

автор: Твоја Библиотека

Отавете коментар