Ј А В Е Н О Г Л А С број 02/26

за вработување на неопределено време на  Еден (1) извршител

  Едно(1) лице на работно место Библиотекарски помошник со Шифра:  КУЛ 03 04 Ѓ02 005, со полно работно време (40 часа). Основна плата  38.667,00ден.

Кандидатите кои се пријавуваат на огласот треба да достават своерачно напишана пријава за работното место и да ги исполнуваат следните општи услови:

Да е државјанин на РС Македонија, да има општа здрастевена способност и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност. Кандидатите, покрај исполнувањето на општите услови, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: Високо образование Хуманистички науки или Вишо образование или Средно образование од областите  на општествените и хуманистичките науки, без работно искуство.

Наведените општи услови кандидатите ги докажуваат со документи во оригинал или копија заверена на нотар, не постари од шест месеци:

  • Уверение за државјанство 
  • Лекарско уверение за општа здраствена способност за работното место 
  • Доказ (потврда/уверение) дека со правосилна судска одлука не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност 
  • Диплома / уверение за завршено образование (оригинал или заверени на нотар)

Потребните документи заедно со своерачно напишана пријава во која прецизно се наведува исполнување на општи и посебни услови, со точни податоци, во плик со назнака „За јавен оглас 02/26“ се доставуваат во архивата на Локална Библиотека „Страшо Пинџур“ Неготинo, со адреса ул. „Маршал Тито“ бб, 1440 Неготино, од 08:00 до 16:00 часот. 

Ненавремените пријави нема да се разгледуваат 

Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневниот печат и на веб страната на институцијата.

Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино

автор: Твоја Библиотека

Отавете коментар