За вработување на неопределено време на 1(еден) извршител
Едно (1) лице на неопределено работно време на работно место – Друг работник за Прием на посетители со Шифра: КУЛ0401Б01004, со полно работно време (40 часа). Основна плата 34.294.00 ден.
Кандидатите кои се пријавуваат на огласот треба да достават своерачно пополнeта Пријава за работното место и да ги исполнуваат следните општи услови:
Да е државјанин на Р.С. Македонија, да има општа здрастевена способност и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност. Кандидатите покрај исполнување на општите услови, треба да исполнуваат и посебни услови: Средно образование
Наведените услови кандидатите ги докажуваат со:
- Уверение за државјанство (не постаро од шест месеци)
- Лекарско уверение за општа здраствена способност за работното место (не постаро од шест месеци)
- Доказ (потврда/уверение) дека со правосилна судска одлука не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци)
- Доказ (диплома или уверение) за завршено образование
Кандидатите кон Пријавата во која прецизно се наведува исполнување на општи и посебни услови, со точни податоци, треба да ги приложат документите во оригинал или во копија заверена на нотар и да ги достават до архива во Локална Библиотека „Страшо Пинџур“ Неготинo, со адреса ул.МаршалТито бб, 1440 Неготино.
Ненавремените пријави и документации нема да се разгледуваат
Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневниот печат
Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино
