Врз основа на Член 77-г од Законот за Култура („Службен весник на РМ“, број 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18) и Член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“, број 75/15) Локална Библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино објавува :
Ј А В Е Н О Г Л А С
За вработување на еден (1)извршител на неопределено работно време на работно место – Самостоен библиотекарски помошник КУЛ 0304Ѓ01005, со полно работно време (40 часа). Основна плата 44.760.00 ден.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови : Да е државјанин на РСМакедонија, да има општа здравстевена способност и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност. Кандидатите покрај исполнување на општите услови според Закон за работни односи треба да исполнуваат и посебни услови:
Средно- гимназиско образование или Вишо или Високо образование со најмалку 180 кредити (Наука за книжевноста). Најмалку две години работно искуство во струката.
Документите се доставуваат во оригинал или заверени на нотар.
Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето
Локална Библиотека„Страшо Пинџур “ – Неготино