Врз основа на Член 77-г од Законот за Култура („Службен весник на РМ“, број 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18) и Член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“, број 75/15) Локална Библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино објавува :
За вработување на еден (1)извршител на неопределено работно време на работно место – Стручен соработник за заштита на културно наследство Шифра: КУЛ 03 04 Д03 001, со полно работно време (40 часа). Основна плата 26.394.00ден.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови : Да е државјанин на Р.Македонија, да има општа здрастевена способност и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна за вршење професија, дејност или должност. Кандидатите покрај исполнување на општите услови според Закон за работни односи треба да исполнуваат и посебни услови:
Високо образование – 240 кредити (Наука за книжевноста или Библиотекарство и документација). Најмалку една година работно искуство. Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
Документите се доставуваат во оригинал или заверени на нотар.
Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето
Локална Библиотека – Неготино