Барањето за пристап до информации од јавен карактер може да се поднесе усно, писмено или по електронски пат. Барањето усно може да се поднесе преку контакт на телефонските броеви на службените лица. Писмено барањето се доставува до архивата библиотеката или по електронски пат на е-маил. Како образец за доставување на барањето може да се користи барањето за пристап до информации од јавен карактер достапно на веб страницата
Овластено контакт лице за пристип до информации од јавен карактер:
Данијела Николовска
Тел. 043361616/ 076232501
E-mail : [email protected]
Листа на информации од јавен карактер:
Назив на установата и контакт информации
– Информации за Услуги за корисници и Годишна Надлежностите на Библиотеката кои се засновани врз основа на: Законот за културата на Република Македонија, Законот за библиотеките, Законот за заштита на културното наследство, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за работни односи.
– Надлежности: Основна дејност (1) Дејност на Библиотеката е библиотечната дејност шифра: (91.01) (2) Дејноста од ставот (1) е од национален интерес. (3) Во рамките на основната дејност Библиотеката ги врши следните функции:
1. набавува, чува, стручно обработува, заштитува и дава на користење библиотечен материјал определен со Законот за библиотеки;
2. истражува, прибира, чува и обработува библиотечен материјал со својство на културно наследство и редок библиотечен материјал;
3. изготвува и изработува каталози за библиотечниот материјал што се наоѓа во Библиотеката;
4. врши библиографско-информативно-документарна дејност;
5. подготвува и издава библиографии;
6. врши научно-истражувачка работа од библиотекарството и информативните дејности;
7. ги проучува состојбите и потребите за развојот на библиотечната дејност и дава мислење и предлози за нивно унапредување;
8. се грижи за стручно усовршување на библиотекарските кадри;
9. врши стручен надзор на работата на библиотеките во општината;
10. врши размена и позајмување на библиотечен материјал со други библиотеки и институции
11. соработува во меѓубиблиотечната размена и посредување на информации;
12. врши заштита на библиотечниот материјал согласно утврдените правила и стандарди за техничко заштитни мерки, за чување и заштита на библиотечниот материјал;
13. врши дезинфекција на библиотечниот материјал;
14. подготвува и издава публикации што произлегуваат од нејзината дејност;
15. врши маркетинг во функција на библиотечна дејност;
16. го промовира и афирмира библиотечниот материјал и движното културно наследство на Република Македонија, преку изложби, предавања, литературни читања, семинари и курсеви, прикажување на филмови и други форми на дејствување;
17. оттуѓува библиотечен материјал од резервниот фонд на Библиотеката;
18. вклучување во заемниот библиографски систем и пристап до библиотечниот материјал во електронска форма и
19. врши и други работи согласно со закон и статут