ДОНАТОРСКА АКЦИЈА НА ДЕТСКИ КНИГИ

🦉 Од Понеделник до Петок (од 03.07 до 07.07.2023) може да донирате користени детски книги. ⚜️ 🦉 Ќе се примаат само добро сочувани книги, кои не се оштетени и се изданија кои се печатени по 2000та год. ⚜️ 🦉 Книгите се доставуваат во локалната библиотека. ⚜️ 🦉 Книгите ќе бидат подарени на дечиња од социо-ранливи […]

” Фенерче ” Награден Креативен Конкурс

Направете фенерче со материјали кои ги имате дома и во природата , учествувајте и освојте награде !!! За нашите членови од основните училишта!!! Изработките се доставуваат до 27.12.2022г.

Литературен Конкурс “Изгубениот Елф”

Конкурсот е за нашите членови ученици од 4то до 9то одд. и трае до 27.12.2022г. Текстовите потпишани единствено со телефонски број се доставуваат во библиотеката!

Есенска креативна изработка

Локалната библиотека објавува Награден конкурс за „Есенска креативна изработка“ на која имаат право да се пријавуваат наши членови – ученици од 6 до 13 год. Изработките се доставуваат во просториите на библиотеката до 10.11.2022г.

Промотивна акција по повод “Месецот на книгата”

Локалната библиотека денес доделува ваучери за бесплатно членство за сите првоодделенчиња од нашата општина! Промотивнтата акција е по повод “Месецот на книгата” кој воедно е и месецот на основање на нашата библиотека!  Воедно во двете основни училишта на креативен начин ги промовираме книгите и скриените светови во библиотеката кои чекаат да бидат откриени!

Дообновен лектирниот оддел

Дообновен лектирниот оддел во библиотеката со вториот дел од проектот поддржан од Министерството за култура, како дел од Програмата за поддршка на проекти од национален интерес за 2022г. со 11 Наслови и 95 единици!!! Вкупно со првиот дел од проектот, детскиот оддел е обновен со 385 лектири!!!

Најнови наслови со кои го надополнуваме и заокружуваме нашиот лектирен фонд!

остапни се сите слободни лектири од програмата за основно образование !!! Новите 195 единици се првиот дел од проектот на библиотеката кој е поддржан од Министерството за култура и Програмата за проекти од национален интерес за 2022г.